РЕЦЕПТ ЗА ТЕСТО ЗА ПИЦА: Секому му успева, лесно се приготвува, а може да биде и мрсно и посно!

Пробајте!

Наједноставното тесто за пица се приготвува од 5 состојки, а може да биде и посно и мрсно – по желба

Состојки:
  • 200 г брашно
  • 1 лажиче сол
  • 1 лажица маслиново масло
  • 15 до 20 дцл вода
  • 15 г свеж квасец или пакетче квасец во кесичка
Приготвување:

Во голема чинија просејте брашно и сол. Додајте масло, вода и квасец и мешајте додека тестото стане еластично (околу 8 минути рачно или 5 минути со миксер). Покријте го и оставете го на топло место 1-2 часа да нарасне.

Потоа, ставете го тестото на набрашнета работна површина и внимателно месете го, па расучете го на 5 мм дебелина, за да добиете пречник од 25 до 30 см, превртувајќи го тестото за да не се повлече. Со врвовите на прстите влечете го тестото од средината кон краевите, така што тие треба да бидат два пати подебели од остатокот од тестото.

Можете да го филувате со што сакате.

Рецепт за совршено меко тесто што секогаш успева: Идеално е за сите печива, а може да стои и до 2 дена во фрижидер
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.