Пригответе торта од бисквити и јагоди за 10 минути: Без готвење и печење – десерт што ќе ви го разубави викендот!

Неодолива

Оваа брза торта без печење е идеална за секоја пригода

Најсочниот овошен колач од јагоди и бисквити се прави без готвење и печење!

Состојки:

За делот со бисквити:

  • 300 г мелени бисквити
  • 200 г стопен маргарин
  • 3 лажици шеќер во прав
  • 5 лажици сок од портокал

За филот:

  • 400 мл слатка павлака
  • 250 г маскарпоне сирење
  • 3-4 лажици шеќер во прав
  • 400 г јагоди
Приготвување:

Пригответе го бисквитот така што ќе измешате бисквити, маргарин, шеќер и сок од портокал. Втиснете го бисквитот во калап, а потоа пригответе го филот.

Изматете слатка павлака, додајте маскарпоне и изматете. Додајте шеќер и ситно сечкани јагоди. Филот ставете го преку бисквитот, оладете, исечете и послужете ја тортата!

Старински рецепт за сладолед-торта: Десерт што ќе ве разлади и заслади!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.