„Не смееме да им кажеме ’не’ на гостите, освен во два случаја“: Работничка на јахта ги споделила бизарните барања на милијардерите

Ви се верува?

Жизел мислела дека ова е работа од соништата, но се сретнала со многу необични гости

Жизел Азуета (39) веќе неколку години работи на јахти. Истакнува дека почнала да го работи ова, бидејќи била и останала добро платена. Преку работата се сретнала со многу бизарни барања од гостите, кои одлучила да ги сподели јавно.

Со оглед на тоа што обожава патувања и обожава море, работата на јахта многу брзо станала нејзината работа од соништата. Секојдневно се среќава со многу луѓе и така многупати имала можност да работи со необични гости.

„Еднаш, еден милионер кажа дека ќе му плати 10.000 долари на членот од посадата кој ќе изврши нужда врз стаклена маса, додека тој лежи оздола“, раскажува таа.

Друг гостин барал една од хостесите да стои во аголот од трпезаријата и да го гледа додека вечера, што и не е толку страшно во споредба со првото барање, но, секако, е многу бизарно.

Жизел рекла дека работниците на јахтите никогаш не смеат да им кажат „не“ на своите гости, сѐ додека не станува збор за сексуални барања или влијаат врз здравјето или животот на посадата.

„Секое барање, колку и да ни се чини бизарно, лудо или чудно, мораме да го исполниме“, открила таа.

Жизел сега се занимава со организација на настани и планирање, администрација и сметки. И покрај бизарните барања, таа открила дека предностите се значително поголеми.

„Сите неверојатни места, погледи, зајдисонца, пријатели и луѓе што ги запознавате од различни делови на светот, ја прават оваа работа исплатлива. Посадата станува ваше семејство“, заклучила Жизел.

Емилија открива како изгледа животот на ВИП-стјуардеса: Добивала подароци од 100.000 евра, а исполнувала неверојатни барања!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.