Емилија открива како изгледа животот на ВИП-стјуардеса: Добивала подароци од 100.000 евра, а исполнувала неверојатни барања!

Неверојатно

Животот на ВИП-стјуардеса е како сценарио за филм!

Емилија Џорџ, поранешна ВИП-стјуардеса, ја шокирала јавноста со признанието за тоа што сè доживеала и видела во приватните авиони. Присуствувала во многу бизарни ситуации, што не би можеле ни да си ги замислите.

Имено, составен дел од работата на стјуардесите на ВИП-летовите може да бидат и поканите за интимна вечера, непримерното допирање, неочекуваните посети во хотел, и уште многу други незамисливи работи.

„Од вечери вредни милион долари до салати од 700 долари. Парите не се проблем кога можете да си дозволите приватен авион. Имам видено вежбалници во авион, диско-соби со шипки за стриптиз и златен престол“, опишала Емилија.

Во текот на својата кариера, богаташите и познатите личности ѝ барале речиси невозможни работи. Една од нив, на пример, била изнајмувањето лимен оркестар, составен од 200 членови, како знак за добредојде на клиентот.

Но на нивната имагинација ѝ немало крај. Па така, таа платила сметка за такси од 660 долари за да купи кавијар. Имале итно слетување на пола пат за патниците да јадат во Мекдоналдс.

„Имаше и комплетно луди барања, како она да им послужам лосос кој целиот живот слушал класична музика“, рекла таа.

Се случувале и запросувања. Еден сопственик на приватен авион барал неговата посада да носи „настрани“ униформи, а секој што ќе се спротивставел на тоа, добивал отказ.

Од друга страна, предноста на оваа работа, како што истакнала Емилија, се бакшишите од 4.000 долари, подароци како што се скапоцени часовници „Ролекс“, чанти „Хермес“ и ВИП-карти за разни манифестации.

Кога престојувале во некој град, имале обезбедено сместување во најлуксузните хотели и се хранеле во најелитните ресторани. Неретко ѝ се случувало да добие свој возач и личен асистент. Исто така, имала и буџет за униформи.

Со сопствениците на авионите патувале животни, како соколи, млади лавови и мајмуни, па морала да биде подготвена и за неочекувани гости. А квалификациите што треба да ги имате за оваа работа се многу трпение, дискретност, како најважна ставка, но и способност за брзо размислување.

Стјуардеса го открива вистинското лице на познатите: Кој е ку*ка, кој арогантен, а кој љубезен и фин…
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.