Равиоли полнети со сирење во сос од шери-домати

Гастрономска магија

Клучен фактор за добро здравје, добро расположение и за енергија е храната. „Ние сме тоа што јадеме”, oваа изрека е целосно вистинита. Овој интересен рецепт за вкусно јадење ќе ја збогати и разубави вашата трпеза!

Потребно е: 200 г брашно Т500, 200 г брашно Т400 остро, 2 јајца, 200 г сирење, 50 г рендан пармезан, 100 г шери-домати, босилек, маслиново масло, лук, крупна морска сол

Приготвување: се замесува тесто од брашното и јајцата, а откако малку ќе отстои, се сука како за кори за лазањи и се сече на ленти со ширина од 6 см.

Потоа се прави смеса за равиоли така што се соединуваат сирењето и пармезанот.

На лента од тесто, на иста оддалеченост, се става малку од смесата (30 г) и се поклопува со идентична лента од тесто, премачкана со изматено јајце.

Се обликуваат  равиолите, водејќи сметка во нив да не остане воздух.

Потоа сварете ги во солена вода.

Додека се варат, во тава со маслиново масло кратко пропржете шери-домати, сечкан босилек и малку сечка лук.

Додајте ги сварените равиоли, добро промешајте и сервирајте.

Текст: Н. Човиновска

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.