Семифредо со јагоди

Се топи в уста!

Ви претставуваме еден многу лесен рецепт за вкусен десерт кој дефинитивно ќе ги воодушеви вашите сакани.

Потребно е: 8 јајца, 16 лажици шеќер, 400 г јагоди, 800 г слатка павлака, 800 г сирење „маскарпоне“

Приготвување: се матат 8 белки со 8 лажици шеќер, па добиената смеса се истура во два иста тркалезна калапа и се пече еден час на 140 степени.

За тоа време, посебно се матат 8 жолчки со 8 лажици шеќер, а посебно слатката павлака.

Жолчките се соединуваат со слатката павлака и се додава „маскарпоне“.

Кога ќе се направи мазна смеса, во неа се додаваат сечкани јагоди.

Потоа, на дното на калапот се става првата кора, смесата со јагоди, па втората кора.

Пред сервирање, колачот оставете го да се излади во фрижидер.

Текст: Убавина и здравје

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.