Пржени јунешки ребра во сос од магоднос

Брзо до ова комплексно јадење со помош на неколку трика

Приготвувањето ребра на скара е повеќечасовен процес, но со неколку трикови таквиот вкус можете да го постигнете и со пржење.

Состојки за приготвување на ребрата: 1 кг јунешки или телешки ребра, 5 лажички сол, 1 лажиче црн пипер, 7 чешниња лук, 2 лажички лут црвен пипер, 3 лажичиња сенф, 13 лажици маслиново масло, сок од 1 лимон, 2 компира со средна големина, 2 врски магдонос, 2 лажици мелени ореви или бадеми, 40 г пармезан, 3 лажици кечап

Приготвување на ребрата: измијте ги и исушете ги ребрата, па ставете ги на големо парче алуминиумска фолија. Измешајте ги солта, црниот пипер, црвениот пипер и ситно сечканото лукче и нанесете ги врз месото. Премачкајте го со сенф, попрскајте го со лимонов сок и прелијте го со масло. Завиткајте го во фолијата и оставете го да отстои во фрижидер за време на ноќта. Маринираните ребра ставете ги во грил-тава, но претходно на дното сипете чаша вода и прекријте го со кромид. Прчете 1 час на 150 степени. Потоа, премачкајте го месото со мешавина од 3 лаживи кечап и 1 лажица масло, па вратете го на загреаната рингла уште 1 час.

Приготвување на сосот: исчистете и изгмечете ги чешнињата лук во паста, а потоа спојте ја со ситно сечкан магдонос. Додајте мелени ореви или бадеми, пармезан и 6 лажици маслиново масло, а добро помешајте.

Текст: Добра храна

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.