Салата со чадено пилешко месо

Салата што никогаш нема да ви здодее, а ќе ви ја истенчи и половината

Кога температурата надвор е висока, настојуваме да поминуваме што е можно помалку време покрај шпоретот и затоа брзите и практични оброци стануваат дел од секојдневјето во овој период од годината. Ви претставуваме рецепт за највкусната салата, која никогаш нема да ви здодее, а која ќе придонесе да загубите килограми. А за нејзино приготвување ќе ви бидат потребни само 10-тина минути!

Состојки: 500 г чадено пилешко месо, 2 авокада со средна големина, 2 манга, 150 г пињоли, 300 г рукола, рендана кора од 1 лимон, сок од лимон, 2 лажички ситно сечкан ѓумбир, 3/4 лажиче маслиново масло, 1 чешне лук, сол, црн пипер

Приготвување:

Исечкајте ги пилешкото месо, авокадото и мангото на тенки и ситни парчиња. ираспоредете ги во чинијата. Пропржете ги пињолите во малку маслиново масло, па сипете ги заедно со руколата врз месото и зеленчукот во чинијата. Соединете ги кората, сокот од лимон, ѓумбирот, маслиновото масло, лукчето, солта и црниот пипер и прелијте ги врз салатата.

Текст: Добра храна

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.