Одличен предлог за ручек – пробајте!
Состојки:
- 600 г пилешко месо
- 2 домати
- млад кромид
- неколку млади компири
- 150 г кашкавал
- 2 чаши јогурт
- 2 јајца
- масло
- сол, бибер, лута пиперка, сув зачин и власец
Приготвување:
Зачинете го пилешкото и препржете го на масло, па наредете го на плех за печење. Врз него ставете крукчиња компир, малку зачинете ги одозгора и ставете го исечканиот млад кромид. Потоа, наредете ги и круговите домати.
Изматете јајца и јогурт и сипете ја смесата одозгора, па изрендајте кашкавал. Печете на 180 степени, 25-30 минути. Добар апетит!