Потпечена зелка со наут

Ова е необичен вид мусака, но многу е вкусна за јадење!

СОСТОЈКИ:

1 главица зелка

100 г ориз

300 г мелено место

1 кромид

100 г наут

сол

црн пипер

мешан зачин

масло за јадење

ПРИГОТВУВАЊЕ:

Во тенџере на оган се пропржува кромидот на масло и во него се додава оризот. Се пропржува уште 10 минути.

Во тавата се додаваат зачините – сол, мешан зачин, црн пипер, црвен пипер, потоа и меленото место и сите заедно се пржат уште 5 до 6 минути.

Во тава за печење се става испржениот фил од тенџерето, па во него се додава ситно сечканата зелка заедно со зрната наут.

Зелката и наутот се мешаат со филот, па се додаваат околу 2 чаши вода.

Тепсијата се става во загреана рерна и се пече околу 1 час на 200 степени или додека јадењето е готово. По потреба, се додава малку водичка.

 

Текст: Добра храна

Фото: Илустрација

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.