Ќофтиња од пилешко месо

Вкусни и меки

За приготвување на овој вкусен ручек ќе ви бидат потребни 15 минути, како и за пржење на ќофтињата.

СОСТОЈКИ:

1 парче пилешки стек

1 јајце

50 г кашкавал

пола китка магдонос

1 лажица црвен пипер

бело брашно по потреба (околу 200 г)

50 г лебни ронки

малку сол

црн пипер

ПРИГОТВУВАЊЕ:

Пилешкиот стек се обарува и се блендира заедно со јајцето.

Се става во длабок сад, па се додаваат кашкавалот – изрендан, магдоносот – ситно исечкан, и се меша.

На крај се додаваат и црвениот пипер, солта и црниот пипер, како и брашното, па се меси убаво.

Брашното постепено се додава додека се добие убава смеса за формирање на ќофтиња.

Потоа се формираат ќофтиња, а секое ќофте се вала во лебните ронки.

Маслото се загрева во тава на оган, па се ставаат ќофтињата и се пржат додека заруменат.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.