Идеален е за зимските денови, бидејќи ги прочистува цревата од масна храна: Пилешки пиперкаш што ќе ве освои и стопли!

Освојува на прво залаче

Ова е вистинскиот рецепт за сите љубители на домашен, зготвен ручек

Состојки:
  • 500 г пилешко месо (батаци, карабатаци, поголеми парчиња гради…)
  • 2 главици кромид
  • 3 моркова
  • 1 помал корен од целер
  • 2 лажици концентрат од домати
  • 2 лажички мелена црвена пиперка
  • 3 лажици кисела павлака
  • пилешка супа
  • магдонос
  • масло
  • сол
  • бибер
Приготвување:

Пилешкото месо посолете го и забиберете го, загрејте масло на тавче, па запечете го месото од сите страни. Извадете го месото од тавче и на истото масло додајте ситно сечкан кромид.

Динстајте додека кромидот добие златна боја, па додајте рендан морков и целер. Динстајте уште малку, па додајте доволно супа за да го покрие зеленчукот. Зачинете со црвен пипер, посолете и забиберите, а потоа додајте и концентрат од домати.

Добро промешајте, па додајте го месото и оставете го да се готви околу еден час. Во случај супата да испари, додајте уште малку за да добиете богат сос.

При крај на готвењето, извадете го месото и дел од супата од тавчето, па измешајте ја супата со кисела павлака. Преостанатиот зеленчук во тавчето иситнете го со миксер, па додајте ја мешавината со кисела павлака.

Добро промешајте, вратете го месото, посипете со свеж магдонос и послужете го јадењето топло.

РУЧЕК ЗА ДЕНЕС: Пилешки пиперкаш на унгарски начин – совршено зачинет и полн со месо
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.