Посни сармички со една необична состојка: Рецепт што ќе го обожавате!

Треба да пробате!

Дали некогаш би ви паднало на памет во филот за сарма да ставите малку суво овошје?

Состојки:
  • 1 главица кисела зелка
  • 1 главица кромид
  • 1 поголем морков
  • 1 поголем компир
  • 200 г исчистен ориз
  • 2 лажици ајвар
  • малку суви сливи
  • мелена црвена пиперка
  • толчена лута пиперка
  • бибер
  • сол
  • масло
  • лавров лист
  • 4-5 чешниња лук
Приготвување:

На масло испржете сечкан кромид и рендан морков. Во тоа додајте рендан компир и ориз. Додајте ајвар, мелена пиперка, толчена пиперка, бибер, сол и дел од лукот. Сето тоа измешајте го.

Одвојте ги листовите од зелката, скинете ги коренчињата и завиткајте ги сармичките. Наредете ги во длабоко тенџере, така што сармите во средина ќе ги наредите исправени.

Ставете го остатокот од зелката на коцки и врз него ставете малку ајвар, суви сливи и масло, и уште малку лук. Расфрлете лавров лист врз сармите. Прелејте ги со вода и оставете ги да се крчкаат околу 2 и пол часа.

Добар апетит!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.