Колач од јаболка и јогурт: Сочно блаженство од вкусови што може да стои на собна температура и до 4 дена!

Совршен десерт

Наградете се себеси со вкусен колач кој може да послужи како здрав појадок, но и како лесен десерт

Состојки:
  • 350 мл павлака
  • 200 г шеќер
  • 150 мл маслиново масло
  • 50 мл сок од лимон
  • 3 големи јајца
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 600 г јаболка
  • 300 г повеќенаменско брашно
  • 3 лажички прашок за печиво
  • 1/2 лажичка сода бикарбона
  • 2 лажички мелен цимет
  • 80 г кафеав шеќер
  • 2 лажици путер
  • прстофат сол
Приготвување:
  • Загрејте ја рерната на 170 степени Целзиусови, а садот за печење премачкајте го со маслиново масло.
  • Јогуртот, шеќерот, маслиново масло, лимоновиот сок, јајцата и екстрактот од ванила измешајте ги во голем сад.
  • Излупете ги јаболката, исечкајте ги на коцки и додајте ги во смесата со јогурт.
  • Додајте брашно, прашок за печиво, сода бикарбона, сол и 1/2 лажичка цимет и мешајте додека не ги разбиете сите грутки брашно.
  • Остатокот од циметот измешајте го со кафеав шеќер и две лажици путер и ставете го на страна.
  • Половина од тестото префрлете го во сад за печење, а врз него распоредете ја смесата од шеќер и путер.
  • Прелејте го со остатокот од смесата.
  • Печете го околу 50 минути, покриен со алуминиумска фолија.
  • Неколку минути пред крајот, извадете ја фолијата за да добие колачот златнокафеава боја.
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.