Пилешки кесадиљи со пико де гаљо (свежа салса)

Превкусен рецепт!

Пробајте го рецептот што ни го приготви Ирена Хорват

Овие пилешки кесадиљи се одлична идеја за брз и вкусен ручек.  Многу повеќе вакви рецепти можете да најдете на инстаграм-профилот на Ирена Хорват @minimal_chef.

Состојки:

За пико де гаљо

  • 1 зелена пиперка (лута или блага)
  • 2 домати
  • половина главица кромид
  • едно лукче
  • лажица кимион
  • сол
  • лимонов сок
  • китка магдонос

За кесадиљите

  • 500 г пилешки стек исечкан на мали коцки
  • 4-5 пиперки во различни бои
  • главица кромид
  • лажица кари
  • рендан кашкавал
  • 7-8 тортили
Приготвување:

1. Да видиме што ни е потребно…

2. Прво ја приготвуваме свежата салса

3. Го пржиме пилешкото месо заедно со кромидот и пиперките, па зачинуваме со сол и кари

4. Ги ставаме полнетите тортили преклопени во загреана тава и ги вртиме од двете страни додека се стопи кашкавалот

Уживајте во овие вкусни пилешки кесадиљи!

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.