Нанаимо: Канадски непечен колач со интересно име и уште подобар вкус

Традиционален канадски десерт

ФОТО: Shutterstock

Овој колач од три слоја е убав за око, а воопшто не е тешко да се приготви, бидејќи не се пече

Нанаимо – овој десерт го добил името по истоимениот град во близина на Ванкувер.

Состојки:

За првиот слој – кората

  • 250 грама мелени бисквити (може да користите и интегрални)
  • 120 грама путер
  • 50 грама кафеав шеќер
  • 30 грама какао во прав
  • 1 јајце
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 50 грама кокос
  • 50 грама мелени бадеми
  • 50 грама грубо мелени ореви

За вториот слој – кремот

  • 100 грама путер
  • 60 милилитри слатка павлака
  • 110 грама шеќер во прав
  • 1 лажичка екстракт од ванила

За третиот слој – глазура

  • 150 грама темно чоколадо
  • 2 лажици путер
Приготвување:

Во сад на тивок оган стопете путер. Тргнете го од оган, додајте шеќер и какао во прав, па во него изматете јајце и вратете го садот на тивок оган. Загревајте притоа постојано мешајќи додека смесата не се згусне, околу 2 минути.

Тргнете го од оган, па во смесата додајте екстракт од ванила, мелени бисквити, бадеми, ореви и кокос. Ставете ја смесата во пех за колачи со големина 20х23 сантиметри, покријте ја со пластична фолија и ставете ја во фрижидер еден час да се зацврсти.

Додека кората се лади, пригответе го кремот. Со миксер мешајте го путерот додека не стане кремаст. Додајте ги останатите состојки и понатаму матете со миксер додека смесата не стане мазна. Нанесете го кремот рамномерно на подлогата и повторно вратете го во фрижидер околу 30 минути.

Стопете го чоколадото со путерот на пареа или во микробранова печка, добро измешајте за да се соединат состојките, па прелејте го врз вториот слој и оставете го да се олади.

Добар апетит!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.