Скарлет Јохансон ги негува лицето и тенот со оваа состојка: Сите ја имаме во кујната!

Нега на лице

Секогаш е пријатно изненадување кога ќе дознаеме дека некоја ѕвезда користи производ што ни е достапен на сите

Од познатите убавици се очекува беспрекорен изглед во сите ситуации, па затоа трошат незамисливи износи на разни третмани и производи. Со оглед на тоа што тие можат да си го дозволат без проблем, пријатно се изненадуваме секогаш кога ќе откриеме дека некоја ѕвезда користи производ што и нам ни е достапен.

Пример за тоа е Скарлет Јохансон! Познатата актерка открила дека е опседната со чистење на лицето со јаболков оцет. Со негова помош ја одржува својата порцеланска кожа под контрола, без да користи агресивни хемиски препарати.

„Веќе долго време ја истражувам природната козметика, бидејќи не сакам да нанесувам тешки хемиски препарати што ги препорачуваат дерматолозите. Јаболковиот оцет е одлична работа ако се мачите со проблематична кожа на лицето и со здодевните мозолчиња“, изјавила Скарлет во едно интервју.

 

Помош и во случај на изгореници од сонце

Со оглед на тоа што јаболковиот оцет е познат по своето силно антисептичко дејство, тој претставува одличен лек во борбата против акните и масната кожа, габите и брадавиците, а може да послужи и како природен тоник за чистење на лицето. Многумина го сметаат за одличен домашен тоник за чистење и нежно затегнување на лицето, поради неговото силно противвоспалително дејство.

Дерматолозите тврдат дека поради тоа што содржи бета-каротен, јаболковиот оцет помага околу враќањето на рамнотежата на pH-вредноста, а неговите антиоксидативни својства ја обновуваат кожата од изгореници од сонце.

Се користи и за коса

Одлични придобивки има и за косата, бидејќи не само што ги отстранува нечистотиите, туку и и’ дава сјај, а може да послужи и во борбата против првут и други иритации на темето на главата. Се’ што треба да направите е да измешате 2-4 лажици оцет со 2 децилитри вода и по миењето со шампон и регенератор, да го втриете во темето. Оставете го да дејствува неколку минути, па измијте го.

Како да го нанесете на лицето?

За да ги пробате неговите магични својства против масниот сјај и акните, измешајте ½ децилитри оцет со 1 децилитар вода и добро натопете вата во растворот. Нанесете го на проблематичните места и оставете го да делува десетина минути.

Потоа, измијте се со топла вода, а за подобри резултати, повторувајте ја постапката повеќе пати дневно, но дури откако ќе се уверите дека оцетот не предизвикал несакани реакции на вашата кожа.

Имено, иако јаболковиот оцет поседува многу квалитети, би требало да го воведувате постепено во вашата рутина. Секоја кожа различно реагира на производите, а силната киселина во оцетот може да биде преагресивна за чувствителната кожа и да предизвика несакани реакции.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.