Пилешка бајадера: Ручек готов за половина час!

Пробајте!

Ако сте во трка со времето, овој рецепт е нешто феноменално!

Потребни состојки:
  • 2 филеа од пилешко бело месо
  • 200 грама кашкавал
  • 300 грама суво месо
  • 1 павлака
  • 2 јајца
  • 3 чешниња лук
  • 5 лажици сенф
Приготвување:

1. Исчукајте го белото месо и посолете го многу малку. Наредете го во подмачкан плех.

2. Премачкајте го со сенф и со добро издробен лук.

3. Врз сенфот наредете кашкавал.

4. Наредете го сувото месо, повторно премачкајте со сенф, па наредете кашкавал во листови.

5. Изматете ги јајцата со павлаката и прелијте ги врз кашкавалот.

6. Печете ја бајадерата 30 минути на 200 степени Целзиусови. Оставете ја да се излади, па пресечете ја како бајадера.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.