Печени ќофтиња од рерна: Сосема поинаков рецепт!

Пилешки топчиња!

Мора да го пробате овој рецепт!

Состојки:
  • 2 шницли пилешко филе
  • 2 пилешки џигери
  • 1 јајце
  • 1 главица кромид
  • 1 главица лук
  • бибер
  • сол
  • суви зачини
  • малку прашок за печиво
  • малку кашкавал
  • мелена пиперка
  • лист од магдонос
Приготвување:

Сомелете ги месото и џигерот, додајте ги сите наброени состојки освен кашкавалот, добро замесете со рацете и направете ќофтиња.

Наредете ги во подмачкан плех, па покријте го секое ќофте со лист од кашкавал.

Печете на 200 степени околу 40 минути. Послужете ги со компир, ориз…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.