Освежувачко пилешко со лимон

Оладете се во топлите летни вечери со ова вкусно пилешко!

Ова пилешко со лимон е идеален оброк за топлите летни денови. Освен што е освежителен, оброкот има малку калории, така што оние што внимаваат на својата исхрана можат слободно да уживаат во него.

Освен што пилето подготвено на овој начин е сочно и вкусно, ќе ве задоволи и фактот што се прави многу лесно и брзо, а вечерата ќе ја подготвите за само половина час. Вистински избор за сите зафатени мајки!

Пилешко со лимон

Состојки:

  • 1 лажица пченкарно брашно
  • 1 лажица соја сос
  • сок од еден лимон
  • пулпа од еден лимон
  • 2 лажици кокосово масло
  • 1 филе од пилешки гради (околу 150 гр)
  • 1 ситно сецкан поголем морков
  • 100 гр брокула
  • 150 мл пилешка супа (направена од половина коцка супа)
  • 4 млади кромиди
  • бибер, сол

Начин на подготовка:

  1. Измешајте пченкарно брашно со соја сос и сок од лимон.
  2. Загрејте го маслото во тава, додадете пилешки гради, бибер, сол, сецкан морков и брокула и пржете две до три минути (додека пилешкото не добие златна боја).
  3. Истурете мешавина од соја сос и лимон во тавата, додадете пилешка супа и сецкан кромид.
  4. Намалете ја топлината и вриејте 30 минути.
  5. Истурете пулпа од лимон врз вареното пилешко и сервирајте со кафеав ориз и сезонска салата.

Прочитајте и: Тестенини со аспарагус и фета сирење: Пробајте го овој лесен ручек

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.