Оригинален рецепт за познатиот унгарски гулаш: Меко месо во вкусен сос што се топи в уста!

Ќе барате репете!

Феноменален рецепт за гулаш со супер меко месо во сос

Ви предлагаме идеја за ручек што целото семејство ќе го обожава! Познатиот унгарски гулаш е идеален и ако ви дојдат гости. Можете да го послужите со различни прилози, најчесто со варен компир или тестенини. Во некои краеви го сервираат дури и со палента. Интензивниот вкус на гулашот му го дава големата количина на кромид, без која тој не би бил тоа што е.

Состојки:
  • 1,5 кг јунешко месо (од плешка)
  • 700 г кромид (може и 1 кг)
  • 2 моркова
  • 3 чешниња лук
  • лавров лист, по желба
  • 1 лажица доматно пире
  • зачини: сол, бибер, суви зачини
Приготвување:
  • Исечкајте го месото на коцки и потоа маринирајте го со масло, сол, бибер и суви зачини. Добро промешајте и оставете го во фрижидер еден час или повеќе.
  • Пропржете го кромидот што сте го исечкале на ситни коцки околу 5 минути и потоа додајте го месото. Не мешајте, туку само поклопете и оставете ги 10 минути за месото и кромидот да ги испуштат своите сокови.
  • По 10 минути промешајте и оставете ги да се крчкаат 30 минути на средна температура. Повремено промешувајте.
  • По 30 минути додајте морков, лук и лавров лист. Крчкајте дополнителни 30 минути со повремено мешање.
  • По тие 30 минути, време е за првото долевање вода, но само 400 мл. Додајте и една лажица доматно пире и оставете да се крчка 45 минути на тивок оган.
  • По 45 минути гулашот е речиси готов. Додајте вода по желба, во зависност од тоа дали сакате да биде погуст или поредок и зачинете. Оставете го да се крчка 15 минути или подолго и вашиот гулаш е готов.

Добар апетит!

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.