Кејт Мидлтон ја пие оваа напивка секое утро и затоа нема ни грам вишок: Ги топи маснотиите и му годи на целото тело!

Многу едноставно се приготвува

Кејт не ги прескокнува своите здрави рутини, а тука спаѓа и оваа напивка која лесно се приготвува и ја одржува витата линија

Кејт Мидлтон отсекогаш била исклучително вита, затегната и здрава, па поради тоа вечно се водат полемики како успева да го одржи тоа. Нејзината вита става е производ на здравиот живот, тренингот, но и балансираната исхрана.

Луѓе блиски на принцезата откриваат дека Кејт со години ги нема сменето навиките, секое утро го јаде истиот појадок: овесна каша богата со протеини, јаглехидрати и влакна. Долго ја држи сита и ѝ дава доволно енергија за сите обврски околу трите деца и кралските должности.

По овесната каша, најчесто пие зелен кашест сок во кој има: ѓумбир, круша и авокадо.

Ви го откриваме рецептот!

Состојки:
  • 200 мл кокосова вода
  • половина авокадо
  • 1 круша
  • 1 лажица свежо цеден лимонов сок
  • 1 грст спанаќ
  • 1 см исечкан корен од ѓумбир
  • 2 свежи коријандера
Приготвување:

Ставете ги сите состојки во блендер и добро изматете.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.