Очајно се обидува да го врати имиџот на згодна девојка, но не може да ги скрие трагите од староста: Пропаднала прекуноќ

Даниела Вестбрук

Еве како изгледа актерката која очајно се обидува да се подмлади

Британската актерка Даниела Вестбрук не престанува да привлекува внимание со чудните постапки на плажа. Имено, таа со денови престојува на португалските плажи и закрепнува од бројните естетски операции, па се појавија серија интересни фотографии на кои се гледа актерката во чудно издание.

Нејзините неартикулирани движења и изобличено лице ја загрижија јавноста, а неколку пати и го соблекла костимот за капење и шетала гола на плажа. Освен тоа, имала низа чудни потези кои никому не му се јасни. Многумина коментираат дека актерката очајно се обидува да привлече внимание.

Се чините дека Даниела со естетските операции се обидува да ги скрие трагите што ѝ ги оставило консумирањето дрога. Имено, првпат пробала дрога кога имала само 14 години, а откако на 16 години добила улога во популарната ТВ-серија EastEnders, редовно посетувала клубови и се опивала.

 

Консумирала кокаин поради што останала без носниот септум, кој комплетно се распаднал од кокаинот.

„Земав дрога и додека бев бремена. Се породив на подот во тоалетот, а кога почнаа трудовите, шмркав кокаин. Бев во ужасна состојба, никој не можеше да ми помогне“, раскажала таа во едно претходно интервју.

Даниела има 49 години, додека многумина коментираат дека изгледа многу постаро, па се чини дека нездравиот начин на живот оставил длабока трага на нејзиниот физички изглед. Меѓутоа не можеме а да не забележиме дека актерката ја довела ставата до совршенство. И покрај тоа, многумина ѝ замеруваат што по секоја цена се обидува да го врати имиџот на атрактивна и млада жена.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.