„Онесвестен имам“: Вака се приготвува модар патлиџан во турската кујна!

Турска кујна

Според легендата, сопругата му го приготвила овој модар патлиџан на имамот, а тој воодушевен се прејал, па се онесвестил од прекумерно јадење

Состојки за 6 лица:
  • 6 парчиња модар патлиџан
  • 6 главици кромид
  • 3 зелени пиперки
  • 7 парчиња домати
  • 6 чешниња лук
  • сол
  • сув зачин
  • бибер
  • црвен пипер
  • 1 кафена лажица паста од домати
  • неколку гранчиња магдонос
  • маслиново масло
Приготвување:

Загрејте масло во тавче. Исчистете ги модрите патлиџани ребресто, а потоа оставете ги еден час во ладна, солена вода. По еден час, исушете ги патлиџаните со кујнска крпа. Пржете ги патлиџаните во врело масло од сите страни додека добијат златно кафеава боја.

Пржениот патлиџан ставете го на кујнска хартија да се исцеди од вишокот масло.

Пригответе го филот: Исечкајте кромид и пропржете го во маслиново масло. Исечкајте лук, па додајте го во кромидот. Потоа, додајте ситно сечкана пиперка, па пржете уште на средна температура. Додајте и излупен, ситно сечкан домат, па сето тоа оставете го да се крчка. Сите зачини додајте ги на самиот крај. Додајте и паста од домати. Промешајте, па ставете сечкан, свеж магдонос.

Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови. Во плех наредете ги патлиџаните, расечете ги во должина и филувајте ги со приготвениот фил. Патлиџаните печење ги во загреана рерна, околу 15 минути.

Грчка мусака: Летен лесен ручек со домати и тиквички – сочен и превкусен!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.