Грчка мусака: Летен лесен ручек со домати и тиквички – сочен и превкусен!

По традиционален грчки рецепт

Ова традиционално грчко јадење ќе ве освои со совршената комбинација на вкусови и сочност

Состојки:
  • 4 компира
  • 4 модри патлиџани
  • 2 тиквички
  • 3 домати
  • 2 главици кромид
  • 1 чешне лук
  • 5 пиперки
  • сол по вкус
  • бибер по вкус
  • маслиново масло, за премачкување
  • 500 мл свежо млеко
  • 4 лажици брашно
Приготвување:

Измијте го и исчистете го зеленчукот од семки. Излупете го модриот патлиџан, исечете го на резанки и посолете го. Компирот исечете го на крукчиња и наредете го на дното на сад за печење подмачкан со маслиново масло.

Врз компирот наредете го модриот патлиџан. Во друг сад, исечкајте го доматот и измешајте го со претходно испечените и исечени пиперки. Зачинете со сол и со бибер по вкус.

Смесата со домати се сипува врз модриот патлиџан. Кромидот и лукот продинстајте ги со сол по вкус и додајте ги исечканите тиквички. Тоа е претпоследниот слој на мусаката, на крај треба да се заврши со слој од модри патлиџани.

Покријте го садот со фолија и печете на 250 степени Целзиусови. Додека мусаката се пече, можете да го приготвите преливот.

Измешајте свежо млеко со брашно додека добиете хомогена смеса и зачинете ја со едно лажиче сол.

Откако мусаката ќе се испече, прелејте ја со оваа смеса и допечете ја уште 15-20 минути.

Посна турска мусака: Јадење што ги распамети и најголемите љубители на месо!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.