Посна турска мусака: Јадење што ги распамети и најголемите љубители на месо!

Совршен спој на вкусови!

ФОТО: Shutterstock

Оваа мусака толку е вкусно што ќе ја правите и кога нема да постите

Потребни состојки:
  • 1 килограм тиквици
  • 500 грама домати
  • 1 главица кромид
  • 2 пиперки
  • 2 компира
  • 500 милилитри доматно пире
  • сол и бибер по вкус
  • малку маслиново масло
  • врзоп мирудија
  • врзоп магдонос
Приготвување:

Излупете ги тиквиците и исечете ги на резанки. Потоа, продинстајте ја секоја од нив неколку минути во маслиново масло. Во друг сад продинстајте го кромидот ситно исечкан, доматите, пиперките и компирите. Додајте зачини и тргнете ги од рингла.

Во соодветен сад за печење наредете ред тиквици и озгора распоредете го филот со домати. Повторувајте ја постапката додека не го потрошите материјалот и завршете ја мусаката со ред тиквици. Прелејте го сето тоа со доматно пире и ставете го во загреана рерна.

Кога течноста ќе зоврие, јадењето е готово. Таа приготвената мусака се сервира наросена со исечкана мирудија и магдонос, а по желба може да додадете и изрендан посен кашкавал.

Кога нема да постите, може да ја прелиете мусаката со кисело млеко. Добар апетит!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.