Оброк што буквално секој може да го направи: Рецепт за кремаста Алфредо паста

Брз и вкусен ручек!

Profimedia

Наједноставната богата паста што ја обожаваат сите генерации, а со која не можете да погрешите

Состојки:
  • 400 грама тестенини пене
  • 600 грама пилешки гради
  • 1 лажица путер или маргарин
  • оригано
  • босилек
  • сол
  • бибер
  • магдонос
  • пармезан

За сосот

  • 2 лажици путер или маргарин
  • 4 чешниња лук
  • 3 лажици брашно
  • 450 милилитри млеко
  • оригано
  • босилек
  • пармезан
  • сол
  • бибер
Приготвување:

Сварете ги тестенините според упатствата на кесата.

Стопете го путерот на средна температура, па додајте ги исечканите пилешки гради. Зачинете ги со сол, бибер, оригано и босилек. Пржете 8-10 минути додека пилешкото не биде готово. Извадете го од тавчето.

Во истото тавче направете го сосот. Повторно ставете путер, па додајте иситнет лук. Пржете додека не омекне лукот. Додајте половина од брашното, измешајте, па додајте ја и другата половина. Постепено додавајте млеко со постојано мешање додека не почне сосот да се згуснува.

Додајте сол, бибер, оригано и босилек, па измешајте. Ставете пармезан и мешајте додека не се стопи.

Прелејте ги сварените макарони со сосот, додајте го пилешкото и добро промешајте. Наросете со магдонос и пармезан.

Добар апетит!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.