Необичен појадок: Слатки печени компири со кокос и боровинки

Дали некогаш сте ја пробале оваа комбинација?

Како ви звучи оваа комбинација: слатки печени компири со кокос и боровинки? Апсолутно совршено!

Ви претставуваме рецепт за овој малку поинаков појадок, кој лесно може да послужи како десерт „без шеќер“. Природната сладост и неутралниот вкус на слаткиот компир совршено се мешаат со кокос, путер од јатки и свежи боровинки. Еве го рецептот!

Слатки печени компири со кокос и боровинки

Состојки:

  • 2 средни слатки компири
  • 4 лажици јогурт
  • 2 грст свежи боровинки
  • 2 лажици путер од бадем
  • 1 лажица снегулки од бадем
  • 2 лажици снегулки од кокос

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени. Измијте го слаткиот компир и во него направете неколку дупки. Се редат на плех обложен со хартија за печење и се печат од 45 до 50 минути.
  2. Измешајте јогурт со снегулки од кокос, и путер од бадем со снегулки од бадем.
  3. Кога компирот ќе се испече, внимателно исечете го на половина, внимавајте да не ги пресечете целосно.
  4. Наполнете го слаткиот компир со путер од бадем и потоа прелијте го јогуртот со кокос. Конечно додадете боровинки. Уживајте!

Прочитајте и: Летно освежување: Рецепт за сладолед од кајсија

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.