Македонски пиперкаш: Највкусниот рецепт со говедско месо, преполн со клучни витамини!

Ручек што го зајакнува телото

Најдобро е да го приготвувате во земјен сад

Состојки:
  • 800 г говедска кртина
  • 2 зелени пиперки
  • 2 лажици путер
  • 150 мл доматен сос
  • 350 г прокељ
  • 2 главици кромид
  • 1 лажица мешавина од зачини
  • 1 коцка говедска супа
  • масло
  • сол
  • мелен црн бибер
Приготвување:

Во тенџере на шпорет со зовриена вода ставете коцка за супа. Додајте прокељ да се свари. Во тавче на шпорет на растопен путер пржете ситно сечкан кромид. Кога кромидот ќе омекне, додајте го месото исечкано на парчиња како за гулаш. Посолете, зачинете со бибер, додајте мешавина од зачини и промешајте.

Со лажица со решетки извадете ги главиците прокељ од тенџерето и додајте ги во тавчето, па сипете и две големи лажици супа. Потоа, додајте ја пиперката исечкана на коцки, доматниот сос, посолете, зачинете со бибер и промешајте.

Смесата од тавчето префрлете ја во земјен сад за печење, па печете ја во рерна 2 часа на 230 степени. Добар апетит!

А дали сте пробале гулаш со колбаси и со леблебии? Ручек на лажица што ќе го нахрани целото семејство!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.