Лесен деликатес: Плескавици без месо

Највкусните плескавици!

Ако се сомневавте дека оброците без месо и млечни производи може да бидат многу вкусни, овие плескавици ќе ви ги отстранат предрасудите

Состојки:
  • 300 г зобни снегулки
  • 3 средни главици црвен кромид
  • 4 чешниња лук
  • 100 г мелен лен
  • 1 лажиче пипер
  • 2 лажици сечкан магдонос
  • 1 лажица масло + масло за пржење
  • црн пипер
  • сол

Приготвување:

1. Зобните снегулки се прелеваат со зовриена вода да пливаат, се оставаат да отстојат неколку минути, а потоа се цеди вишокот течност.

2. Натопените снегулки, додека се уште топли, се гмечат со рака, за да се добие леплива смеса.

3. Црвениот кромид се чисти и се сече на коцки, па се пржи на малку масло да омекне.

4. Изгмечените снегулки се соединуваат со пржениот кромид, се додаваат пасираниот лук, магдоносот, мелениот лен и пиперот. Се зачинува по желба и добро се меша, за да се добие погуста смеса, погодна за обликување.

5. Со намрсени дланки се обликуваат помали плескавици и се спуштаат во зовриено масло. Се пржат прво од едната, а потоа и од другата страна, додека поруменат. Се служат со прилог по желба.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.