Според познатиот француски рецепт: Вака се прави највкусниот сос бешамел!

Повкусен не може да биде!

Највкусниот сос што некогаш сте го пробале

Французите го знаат трикот за овој сос, што е надалеку познат. Тајната состојка што му дава неверојатен вкус на овој прелив е мускатното оревче. Одлично оди со тестенини, но и со месо или риба.

Состојки:
  • 3-4 супени лажици путер
  • 3 рамни супени лажици брашно
  • 2 и 1/2-3 шолји свежо млеко
  • прстофат сол
  • 2 жолчки
  • мускатно оревче
Приготвување:
  • Пропржете го брашното во путерот, со непрестајно мешање со лажица и постепено додавање млеко.
  • Посолете, додајте мускатно оревче и оставете го да се крчка 6-7 минути.
  • По желба, изматете 2 жолчки, па и нив додајте ги, со непрестајно и интензивно мешање уште 2 минути.
loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време