Полнети лепчиња од тавче: Нема поубав десерт од овој!

Пробајте!

Со кафе или како ужина, лепчињата од тавче се вистинско уживање

Состојки:
  • 250 г брашно
  • 150 г кисело млеко или јогурт
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 рамна лажичка прашок за печиво
  • 1 лажичка шеќер
  • малку сол
  • 1 јаболко
  • малку цимет
  • шеќер во прав
Приготвување:

Во чинија ставете брашно со прашок за печиво, додајте сол, кисело млеко, шеќер, масло и замесете тесто. Поделете го на 2 топчиња и расукајте ги со големина на чинија. Покријте ги со крпа да стасаат 20 минути.

Во средина на тестото ставете рендани јаболка, околу 2 лажици, и озгора ставете малку цимет. Завиткајте го тестото од сите страни, превртете го и со раце повторно расукајте го со големина на чинија, па додајте брашно ако ви се лепи. Повторно оставете го да нарасне 10 минути.

Тавчето ставете го на рингла и вклучете ја на средна температура. Ставете го лепчето на суво тавче и поклопете. Печете додека зарумени, па свртете го и повторно поклопете. Кога ќе порумени и од другата страна, извадете го. Наросете го со шеќер во прав и со ванилин шеќер.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.