Идеален појадок за слабеење: Бурито со јајца и зеленчук

Здраво и лесно

Фото: Thinkstock

Ако сакате да изгубите тежина, оброкот на кој треба да посветите најмногу внимание е појадокот. Студија спроведена на 80 жени открила дека голем појадок со повеќе калории не им пречи на диетите. Всушност, малку посилниот појадок ни помага да ги контролираме нашите желби за храна во текот на денот.

Испитаниците биле поделени во две групи. Првата група јадела висококалоричен појадок, среднокалоричен ручек и вечера со малку калории, додека втората група јадела обратен редослед на калорични вредности. После 12 седмици, жените кои јаделе висококалоричен појадок покажале 2,5 пати поголемо слабеење од жените кои јаделе појадок со малку калории.

Важно е вашиот појадок да не се состои од празни калории, затоа подгответе хранлив оброк како ова вкусно бурито полнето со кајгана.

Состојки:

  • 2 јајца
  • 2 лажички варен грашок
  • половина чаша сецкани свежи домати
  • една чаша свеж спанаќ
  • тортиja
  • малку путер
  • сол
  • бибер по желба

 

Прочитајте и: Колач од јаболка, бадеми и просо: Необично, здраво, вкусно!

 

Приготвување:

Изматете ги јајцата со прстофат сол. Истопете го путерот и прелијте го со изматените јајца. Веднаш додадете грашок, домати и спанаќ. Промешајте малку за да ги комбинирате сите состојки и зачинете со бибер по вкус. Кајганата пренесете ја на тортијата, превртете го во буритото и уживајте.

Овој појадок ви ги обезбедува сите нутритивни потреби за почеток на денот, ќе ви даде сила и енергија.

Калории: 400

Протеини: 17,4 g

Влакна: 9,7 g

Масти: 15,7 g

Јаглехидрати: 36,8 g

Шеќер: 3,2 g

Поздраво не може: Оваа крем-супа ги отстранува отровите и го намалува процентот на масти во телото

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.