Поздраво не може: Оваа крем-супа ги отстранува отровите и го намалува процентот на масти во телото

Вкусно и здраво

Брзо ќе ве засити, а килограмите ќе се стопат како на шега

Благодарение на состојките, оваа супа е богата со витамини, минерали и влакна, а сето тоа придонесува за слабеење и прочистување на организмот од насобраните токсини.

Содржи малку калории, па може да ја јадете колку сакате. Доколку вашата вообичаена вечера ја замените со оваа супа, многу брзо ќе забележите разлика во килограмите.

Состојки:
  • 1 поголем батат
  • 3 средни моркови
  • 20 г сварен грав
  • 1 кромид
  • 3 чешниња лук
  • 1 целер
  • 1 лажиче мелен црвен пипер
  • 1 лажиче мелено чили
  • 1 лавров лист
  • сол и бибер
  • 1,5 литри бујон од зеленчук
  • 3 лажички маслиново масло
Приготвување:

Излупете ги бататот и морковот и исечете ги на мали коцки. Исечкајте ги кромидот и целерот што поситно и изгмечете лук.

Загрејте маслиново масло во подлабоко тенџере и додајте кромид, па динстајте додека не зарумени и додајте лук. Потоа, додајте и целер и динстајте уште една-две минути.

Додајте ги и останатите состојки, батат, морков, сол, бибер, чили, мелен пипер, лавров лист, па сето тоа прелејте го со бујон и оставете го да се готви.

Кога ќе забележите дека бататот и морковот омекнале, додајте грав.

По готвењето, со миксер или блендер изматете го сето тоа за добиете крем-супа.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.