Гурмански оброк: Домашен хамбургер со свинско месо

Повкусен не сте пробале!

Наместо да купувате, направете го највкусниот хамбургер сами!

Состојки:
  • 1,2 кг свински врат без коски
  • 4 лажици мајонез
  • 2 лажици сенф
  • 1 главица црвен кромид
  • 4 чешниња лук
  • 1/2 лажиче босилек
  • 1/2 лажиче оригано
  • 2 лажици кафен шеќер
  • 1 лажица мелен пипер
  • 2 дл јунешка супа
  • 200 мл доматен сок
  • 1 лажиче густин
  • 2 лажици сос ворчестер
  • 15 домашни лепињи
  • црн пипер
  • сол
  • масло

Приготвување:

1. Свинското месо од врат добро се посолува.

2. Посебно се соединуваат мајонезот, сенфот, ренданиот црвен кромид и лук, босилекот, ориганото, мелениот пипер и шеќерот.

3. Со добиената маринада се премачкува месото, се обложува со пластична фолија и се остава да преноќи во фрижидер.

4. Утредента месото се вади од фолијата и се поставува во плех за печење обложен со хартија за печење. Во плехот за печење се додава јунешката супа, па се прекрива со фолија и се пече во загреана рерна на 150°С, шест часа.

5. Потоа се зголемува температурата на 180°С и се продолжува со печење уште половина час. Потоа се отстранува фолијата, па месото се запекува уште половина час.

6. Сосот од печењето се цеди, се додаваат во него доматниот сок, густинот и сосот ворчестер и добро се меша. Се посолува и се запиперува по желба, па се вари додека зоврие.

7. Месото со виљушка се раздвојува на помали парчиња. Лепињите се полнат со месо и салата по желба.

Извор: Добра храна

Прочитајте и како се приготвува свинско месо на селски начин!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.