Колач од јаболка, бадеми и просо: Необично, здраво, вкусно!

Неверојатно

Просото е еден од најздравите производи што им се дава на бебиња – лесно се вари и многу е хранливо

Состојки:
  • 300 г мелено просо
  • 4 поголеми изрендани јаболка
  • 4 полни лажици шеќер
  • 500 мл млеко
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 лажичка цимет
  • 50 г мелени бадеми
  • 50 г бадеми за наросување
  • 2 лажици просо од цело зрно
  • 50 мл маслиново масло

За чоколадниот фил:

  • 500 мл слатка павлака
  • 300 г темно чоколадо за готвење
Приготвување:

Изрендајте ги јаболката, па префрлете ги во чинија. Додајте маслиново масло, ванилин шеќер и цимет. Промешајте, па ставете шеќер. Додајте мелени бадеми и половина литар млеко. Ако постите, може да го замените млекото со вода. Промешајте, па додајте брашно од просо. Потоа, додајте и две лажици цели зрна просо.

Подмачкајте плех, па сипете ја смесата која ќе биде малку поретка. Загрејте ја рерната на 200 степени, па печете околу 40 минути, најмногу еден час.

Додека колачот се пече, пригответе го преливот за колачот. Во тенџере ставете слатка павлака и чоколадо, па сето тоа добро растопете го. На врелиот, испечен колач, додајте врел чоколаден прелив, па оставете го колачот да се олади.

Ако сакате, на чоколадниот прелив ставете мелени или сечкани бадеми. Кога колачот ќе се олади, ставете го во фрижидер да се олади дополнително. Добар апетит!

ФОТО: Printscreen/Youtube

Пробајте го и највкусниот старински колач со жолт фил.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.