Гозба со изобилство од зеленчук: Пробајте ги овие потпечени мешунки!

Вкусен и здрав ручек

За помалку од два часа ќе добиете ручек за целото семејство

Состојки:
  • 2 главици црвен кромид
  • 2 моркова
  • 1 пашканат
  • 1 резанка целер
  • 2 чешниња лук
  • 700 г шарени мешунки
  • 1 лажица пипер
  • 2 домата
  • 4 јајца
  • 200 мл павлака за готвење
  • 1 лажица сечкан копар
  • 100 г тенки листови сланина
  • црн пипер
  • масло
  • сол

Приготвување:

1. Црвениот кромид се чисти и се сечка на коцки, морковите на крукчиња, а пашканатот и целерот се лупат и крупно се рендаат.

2. Лукот се чисти и се пасира, доматите се сечкаат на коцки, врвовите од мешунките се отсекуваат, а стебленцата се сечкаат на помали парчиња.

3. На малку масло се пржи црвениот кромид, а потоа се додаваат морковите, целерот и пашканатот, па се пржи со непрекинато мешање, додека попушти зеленчукот.

4. Се додаваат мешунките и понатаму се динста, долевајќи по малку вода, додека омекне зеленчукот. Пред крајот на динстањето се ставаат доматите и лукот, се посипува со пипер и се зачинува по желба.

5. Се вари додека се редуцира течноста, а потоа мешунките се тргаат од огнот и се оставаат да се оладат. Посебно се матат јајцата со павлаката за готвење, па се додаваат во мешунките.

6. Смесата се става во намрсен огноотпорен сад, одозгора се распоредуваат листовите сланина и се пече во загреана рерна, околу 40 минути.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.