ДНЕВЕН ХОРОСКОП за 11 ноември: Финансиите ве оптоваруваат повеќе одошто би требало!

Фото: Getty Images

Јарецот е мирен, Рибите се успешни, Терезиите се среќни, а Овенот е стабилен

ОВЕН

Соработката со надредениот ве фрустрира. Другата страна не ги прифаќа вашите идеи бидејќи излегуваат од рамките на рутината. Заинтригирани сте од новото познанство. Ви се допаѓа тоа што другата страна изгледа стабилно. Дишните органи ви се осетливи.

БИК

Предметот на судење е лошо прикажан и незадоволни сте за време на судењето или од пресудата. Бракот минува низ сериозна криза. Иако односот е многу лош, се надевате дека бракот ќе опстане. Можна е уринарна инфекција која изискува итно лекување.

БЛИЗНАЦИ

Деловната соработка не се одвива како што сакате. Не само што доаѓа до прекинување, туку слаби се и шансите дека некогаш ќе се обнови. Непотребно сте љубоморни. Партнерот ве разбира и се обидува да ви влее чувство на сигурност. Коските ви се осетливи.

РАК

Одлично се согласувате со партнери од странство. Воодушевени сте што имате слични погледи, очекувања и цели. Подолг период сте емоционално незадоволни. Конечно ја прекинувате врската без грижа на совест. Внимавајте на исхраната.

ЛАВ

Работата не ве загрижува толку колку што ве загрижуваат финансиите. Не се сеќавате дали некогаш сте стоеле толку лошо финансиски. Саканата личност е раздразлива. Вашите напори да го решите проблемот или барем да ја смирите, не донесуваат резултати. Време е за посета на стоматолог.

ДЕВИЦА

На работа е тотален хаос. Сè што сте испланирале детално, работните обврски и распоредот, ненадејно се менуваат. Не ви годат промените. Не сте заинтересирани за средба со партнерот. Под стрес сте и неопходен ви е одмор.

ТЕРЕЗИЈА

Работната ситуација е одлична. Работата се одвива нормално, без никакви потешкотии. Приливот на финансии е стабилен. Незадоволни сте од односот со партнерот. Врската ве заморува веќе некое време, така што ги откажувате состаноците. Здравјето ви е стабилно.

СКОРПИЈА

Ситуацијата на работа е напорна. И понатаму сте во контакт со личност што не ви одговара, заради повисоки професионални цели. Партнерот е прилично нерасположен. Суптилно се обидувате да дознаете што го довело до тоа расположение. Гениталиите ви се осетливи.

СТРЕЛЕЦ

Односот со колегите е незадоволителен. Имате впечаток дека не се подготвени за новите, поинакви ваши идеи. Незадоволни сте од врската и ја прекинувате. Во здодеала нестабилноста на другата половина. Можни се проблеми со синусите.

ЈАРЕЦ

Незадоволството со работната ситуација го достигнува врвот и дефинитивно ја прекинувате деловната соработка. Комуникацијата со втората половина не е најдобра. Додека вие сметате дека нема надеж за врската, таа смета дека има. Можни се проблеми со притисокот.

ВОДОЛИЈА

Соработката со странците одлично се одвива. Ве воодушевува тоа што имате исти погледи кон проектот. Незаинтересирани сте за емоционалниот сегмент и фокусирани сте на сопствените духовни потреби. Здравјето е стабилно.

РИБИ

Уживате во работниот успех. Не очекувавте дека толку ќе одекне, па малку сте изненадени од многуте пофалби. Одличен ден за ново познанство. Ве привлекуваат стабилноста и јачината со кои зрачи другата страна. Се чувствувате добро.

Најкраткиот и најпрецизниот хороскоп за 2021: Прогноза за пари, работа, здравје, љубов и семејство, за сите знаци!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.