Деликатес од мелено месо: Пригответе прелеана штрудла за ручек!

Главно јадење

Вкусно јадење за незаборавен ручек

Состојки:
  • 700 г мелено мисиркино месо
  • 100 г зобни снегулки
  • 3 чешниња лук
  • 1 поголема главица црвен кромид
  • 1 лажица сечкан магдонос
  • 2 јајца
  • 100 мл бело вино
  • 50 г месеста сланина
  • 1 лажиче мелен пипер
  • бибер
  • сол

За преливот:

  • 2 полни лажици кисела павлака
  • 1 лажица доматно пире
  • 100 мл павлака за готвење
  • 100 мл јунешка супа

За прилогот:

  • 1 кг компири

Приготвување:

1. Зобните снегулки се ситнат во електричен секач. Црвениот кромид се чисти и се сечка на коцки, лукот се пасира. Сланината исто така се сечка на коцки.

2. Во поголем сад се поврзуваат меленото месо, мелените зобни снегулки, јајцата, црвениот кромид и лукот, сланината, магдоносот, белото вино и мелениот пипер. Се посолува и се забиберува по вкус, па со рака се замесуваат состојките, да се добие воедначена смеса. Се остава да отстои во фрижидер 30 минути.

3. Плехот се обложува со хартија за печење. Од приготвената смеса се обликува штрудла и се става во плехот.

4. Компирите се лупат и се сечкаат на коцки, па се распоредуваат околу штрудлата во плехот. Се прекрива со фолија и се пече во загреана рерна на 200°Ц, околу 35 минути.

5. За приготвување на преливот се соединува павлаката за готвење со супата, па се додава доматното пире и добро се меша со маталка.

6. По 35 минути печење, фолијата се отстранува, па штрудлата се прелева со приготвениот прелив. Се враќа во рерната и се продолжува со печење уште 15 минути.

Извор: Добра храна

Јадење што ќе ве засити: Пригответе полнет месен ролат
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.