Јадење што ќе ве засити: Пригответе полнет месен ролат

Пробајте!

Овој месен ролат е одличен предлог за ручек

Состојки:
  • 700 г мешано мелено месо
  • 2 јајца
  • 120 г интегрална кифла
  • 150 мл млеко
  • 1 поголем компир
  • 50 г рендан пармезан
  • 50 г месеста сланина
  • 1 помала главица црвен кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1 лажица пипер
  • 2 лажици сечкан магдонос
  • 150 г тенко сечкана мортадела
  • 200 г кашкавал гауда во листови
  • бибер
  • масло
  • сол

За прилогот:

  • 500 г компири

Приготвување:

1. Компирот сосе лушпа се вари, а потоа се лупи и се пасира.

2. Интегралната кифла се сечка на коцки, се прелева со млеко, а потоа се цеди и се дроби.

3. Црвениот кромид се чисти и се сечка на коцки, лукот се пасира. Сланината исто така се сечка на коцки.

4. Во сад се мешаат меленото месо, црвениот кромид и лукот, сланината, компирот, пармезанот, издробената кифла, јајцата, пиперот и магдоносот. Се посолува и забиберува по вкус, па добро се меша, да се добие воедначена смеса. Се остава да отстои во фрижидер 30 минути.

5. Се намрсува алуминиумска фолија и на неа се става смесата од месото. Со намрсени дланки се обликува правоаголник, се прекрива со листовите од мортадела и гауда, па со помош на фолијата цврсто се витка во ролат. Ролатот се остава во фолијата, а краевите се свиткуваат.

6. Плехот се обложува со хартија за печење и се попрскува со масло, се става месниот ролат, а околу него се распоредуваат компирите, исчистени и исечкани на покрупни коцки. Се пече во загреана рерна на 200°Ц, околу 35 минути, а потоа се отстранува фолијата и се продолжува со печење додека месото зарумени, а компирот омекне.

Извор: Добра храна

Јадење што ќе го задоволи сечиј вкус: Пробајте тестенини со пилешко месо
Прочитајте и

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More