Направете шпагети на медитерански начин и уживајте во богатата комбинација на риба и домати
Состојки:
- 1 кромид
- 2 чешниња лук
- 1 лажица пасиран домат
- 3 свежи домати
- 1 лавров лист
- 1 лажичка оригано
- 8 филети бела риба (може од конзерва)
- 3 лажици пармезан
- сол
- бибер
- 1 лажичка шеќер
- 3 лажици путер
Приготвување:
- Во поголемо тавче загрејте масло, додајте кромид и лук и пржете додека не пожолти кромидот.
- Додајте домати, пасиран домат, лавор и оригано.
- Добро измешајте и загревајте околу 20 минути додека не добиете густ сос.
- Додајте ги исечканите солени рибји филети и загревајте 2-3 минути.
- Додајте пармезан, сол, бибер и шеќер, па добро измешајте.
- Прелејте го готовиот сос врз сварените шпагети.