Погача полнета со пилешко и кромид: Несекојдневен рецепт што вреди да го пробате!

Наша препорака!

ФОТО: Shutterstock

Несекојдневен рецепт за погача кој дефинитивно го заслужува вашето внимание

Сигурно не сте навикнати на ваква погача, но ви гарантираме дека ќе ве воодушеви…

Состојки:

За тестото

  • 200 милилитри свежи млеко
  • кисело млеко
  • 2 лажици масло
  • 2 лажици сол
  • 1 прстофат шеќер
  • 1 прстофат квасец (15 грама)
  • 1 јајце (жолчка за премачкување)
  • околу 500 грама брашно

За филот

  • 1 парче пилешки гради
  • 3-4 главици кромид
  • сол
  • бибер
  • црвен пипер
  • чубрика
Приготвување:

Замесете тесто од набројаните состојки и оставете го да нарасне додека не го удвои својот обем. За тоа време пригответе го филот.

Ситно исечкајте ги пилешките гради и пропржете ги во тавче. Извадете ги во чинија и во истите маснотии ставете 3-4 ситно исечкани главици кромид и пржете додека не се карамелизира убаво. Вратете го месото и додајте зачини.

Поделете го готовото тесто на 12 топчиња (секое топче е по 70 грама). Со раце развлечете ги во квадрат. Наполнете ги со фил и завиткајте ги во топче. Наредете ги сите топчиња во подмачкан сад за печење. Премачкајте ги со жолчка и оставете ја погачата да нарасне.

Печете на 170-180 степене додека не нарасне.

Добар апетит!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.