Чоколадни колачиња

Уште многу други брзи, модерни и здрави рецепти ќе најдете на инстаграм-профилот на Ана Марија Кузмановска. (@anamarija.k1)

Овој вкусен десерт за читателите на списанието „Добра храна“ го приготви Ана Марија Кузмановска, диететичар. Наведеното количество на состојките е за дваесет чоколадни колачиња, за чие приготвување ќе ви бидат потребни 10 минути, додека, пак, за печењето на колачињата – 15 минути.

Состојки: * 1+1/2 чаша брашно * 1+1/2 чаша овесно брашно (мелен овес) * 2 јајца * 1/2 чаша путер или кокосово масло * 2 чаши сечкано чоколадо по избор * 1 чаша кафен или кокосов шеќер (може и помалку доколку не сакате многу благо) * прашок за печиво * ванила * прстофат сол

Приготвување:

1 Загрејте ја рерната на 180 степени и обложете го тавчето со хартија за печење. Измешајте ги двата вида брашно заедно со прашокот за печиво, солта и со чоколадото.

2 Во друг сад изматете ги шеќерот и путерот/кокосовото масло и потоа додајте ги ванилата и јајцата, едно по едно.

3 Постепено додавајте ја смесата од брашно во другиот сад и мешајте додека се формира тесто. За печење, обликувајте сплескани топчиња со еднаква големина. Од оваа смеса, јас направив околу 20 големи колачиња.

4 Печете ги 10-15 минути. Температурата варира во зависност од големината. По печењето, колачињата се ладат околу 10 минути.

Извор: „Добра храна“

Фото: Ана Марија Кузмановска

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.