Ако сте гурман, на овој специјалитет нема да му одолеете: Плескавици од свински џигер

Во последните години, внатрешните органи се помалку присутни на нашата трпеза. Многумина заборавија дека од црниот дроб може да се приготват врвни специјалитети. А овој рецепт ќе ве потсети како вкусот на џигерот може да биде незаборавен.

Плескавици од свински црн дроб

Потребни состојки: 300 г свински црн дроб, 3 мали главици кромид, 3-4 големи компири, 3 јајца, 2 лажици брашно, 2 лажици лебни ронки, 1 лажичка црвен пипер, 2 чешниња лук, прстофат сода бикарбона, 1 лажичка сол, масло.

Приготвување:

Сомелете ги црниот дроб, кромидот и компирот. Додајте ги изгмечениот лук, брашното, лебните ронки, сода бикарбоната, солта, црвениот пипер и јајцата и сè убаво измешајте со рака.

Со лажица вадете еднакви количини од смесата, спуштете ги во загреаното масло и малку потиснете ги одозгора.

Печете ги на умерена температура и кога ќе добијат крцкава кора, превртете ја секоја плескавица. Послужете со грашок или спанаќ.

Текст: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.