Кох од компири – се прави пет минути и право во рерна!

Нема поедноставен оброк! Се приготвува брзо и лесно, а потоа се пече во рерна.

Додека се пече, имате време да ја средите кујната, да направите салата и да сипете јогурт или пивце во чашите.

Состојки:
3 јајца
3 чаши компири, рендани
1/3 чаша нишесте
1/2 лажиче прашок за печиво
сол и бибер по вкус
3 лажици лук, рендан
4 лажици путер, истопен

Приготвување:
Излупете го компирот, изрендајте го крупно и исцедете го. Изматете ги јајцата, додајте ги ренданиот компир, нишестето, брашното и прашокот за печиво. Додајте сол, бибер, кромид и путер и измешајте. Истурете во подмачкан огноотпорен сад и печете во загреана рерна околу еден час.

Текст: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.