Златен сладолед за челичен имунитет: Десерт што ќе го обожавате!

Вкусен и здрав

Состојките се малку поскапи, но сладоледот е од врвен квалитет и со раскошен вкус

Состојки:
  • 700 г кокосово млеко
  • 4 лажици јаворов сируп
  • 2 лажици куркума во прав
  • 1/2 лажиче ѓумбир во прав
  • 1/2 лажиче цимет во прав
  • 1 лажица кокосово масло
  • 1 ванилин шеќер
  • сол на врв од нож
  • 50 г јаткасто овошје
Приготвување:

Сипете ги сите состојки во тенџере, освен јаткастото овошје и полека загревајте на тивок оган. Не дозволувајте смесата да зоврие, туку тргнете го тенџерето од рингла и оставете да се олади.

Сипете ја во чинија во која ќе можете да ја матите смесата со миксер и која може да ви ја собере во замрзнувач. На секои половина час изматете ја смесата.

Додека е течна, правете го тоа со маталка, а кога ќе почне да се замрзнува, продолжете со миксер. Секој пат вратете ја во фрижидер. Повторете го ова 5-6 пати, а при крајот ќе морате да го вклучите миксерот на најниска брзина.

Пред служење, извадете го сладоледот накратко за полесно да го обликувате со лажица. Ситно исечкајте јаткасто овошје по избор, лешници, ореви или ф’стаци, и посипете ги врз сладоледот пред самото послужување.

Без шеќер и јајца: Сладолед од „карамела”
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.