Џенифер Лопез уште еднаш ја оправда титулата „кралица на стилот“: Популарниот цветен дезен се носи токму вака!

Во тренд

Џенифер Лопез уште еднаш одржала модна лекција

Џенифер Лопез секогаш е во чекор со трендовите, па ни овој пат не ги разочарала модните експерти и фановите.

Таа се појавила пред еден ресторан во Лос Анџелес со својот свршеник Алекс Родригез и уште еднаш им одржала модна лекција на сите.

https://www.instagram.com/p/CDld0Y7FpOO/

Таа носела лелеав летен фустан со цветен дезен, кој е многу актуелен деновиве.

По токму овој крој на фустан полуделе сите трендсетерки, а модните експерти советуваат дека секоја жена треба да си набави барем едно вакво парче за својот гардеробер.

„Како создадени се за тропските денови, во нив ќе ви биде удобно, а ќе изгледате многу шик и женствено“, едногласни се модните експерти.

Со белата боја нема грешка, одлично им стои на сите. Модната комбинација ја надополнила со беж сандали и големи проѕирни очила за сонце, а мислела и на безбедноста, па така носела и маска.

Проверена модна комбинација: Во оваа облека ќе изгледате барем 5 килограми послабо!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.