Студентка од Мјанмар станала светски популарна по објавата на овие фотографии: Сте виделе ли потенок струк од овој?!

Таа го има најтенкиот струк на светот

Фотографиите од девојка од Мјанмар (некогашна Бурма) станаа вирални на Интернет откако популарен британски таблоид пишувал за нејзиниот неверојатно тенок струк

Су Мох Мох Наинг (23) е студентка која тврди дека струкот ѝ е широк само 34,7 сантиметри, а она што на многумина им е уште поневеројатно, таа тврди дека за тоа се заслужни само гените.

Иако некои ја обвинуваат дека ги обработува фотографиите што ги објавува на Инстаграм, па дури и дека извадила ребра или дека постојано носела тенок корсет за да постигне толку ситна фигура, Су Наинг вели дека сè на неа е природно.

https://www.instagram.com/p/CDZGLvsJiua/?utm_source=ig_embed

„Здрава сум и здраво се хранам, така што нема причина за загриженост. Не мислам дека нешто не е во ред со тоа како изгледам.

Уживам да позирам за фотографии и да го покажувам својот изглед. Комплиментите ми ласкаат. Луѓето велат дека убаво изгледам“, вели девојката.

https://www.instagram.com/p/B_kXzlYpnCv/?utm_source=ig_embed

Жените со невообичаено тесен струк, како Етел Гренер, која е во Гинисовата книга на рекорди (струк од 33 см), го поминуваат целиот живот носејќи корсет за постепено да го намалат струкот или подлегнуваат на екстремни хируршки зафати за да ја постигнат посакуваната фигура.

https://www.instagram.com/p/B9UMIa6JmPf/?utm_source=ig_embed

Венецуелската манекенка Алеира Авендано носела тесен корсет 23 часа дневно за да го постигне и одржи струкот од 50 см.

Су Наинг инсистира на тоа дека нејзиниот опсег на струкот од 35 см не е резултат на стеснување на струкот и ги негира сите обвинувања поврзани со дигиталната манипулација со фотографиите.

https://www.instagram.com/p/B7a6Byil4f3/?utm_source=ig_embed

Меѓутоа, англискиот таблоид „Мејл онлајн“ нагласува дека женската големина на струкот никогаш не е толку прецизно уреден и наведува дека нејзините фотографии покажуваа знаци на „уредување околу струкот“.

https://www.instagram.com/p/CDOpe4jpuR6/?utm_source=ig_embed

На нејзиниот Инстаграм има и кратко видео од нејзиниот струк, и иако тој е дефинитивно помал од просечниот женски струк, не изгледа толку тесно колку што се чини на некои нејзини фотографии.

Вистинската жена има целулит: Овие познати дами со гордост ги истакнуваат сите несовршености на своето тело!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.