За јак имунитет и здрав организам, железото е неопходно: Овие намирници го имаат во изобилство!

Минерал за добро здравје

Нема здраво тело без железо

Дали се чувствувате уморно, ви се врти во глава, брзо губите здив, бледи сте и безволни? Сето тоа се можни симптоми на дефицит на железо. Овој минерал е одговорен за доброто здравје на целиот организам и многу е важно да му го обезбедите на телото во доволна количина.

Овие намирници содржат голема количина на железо…

Црвено месо

Добар прехранбен извор на железо е црвеното месо, бидејќи тоа во него се содржи во форма што може полесно да се искористи одошто во други растителни извори. Дополнителни причини што му одат во прилог на месото се и протеините кои ја подобруваат неговата полесна растворливост. Освен железо, црвеното месо содржи и низа други важни микронутриенти, како што се цинк, селен, калиум и низа витамини Б, вклучувајќи и нијацин, рибофлавин, тијамин и витамин Б12.

Пилешко месо

Ако не сакате црвено месо, можете да го замените со пилешко. Само мала порција пилешко содржи околу 1 мг железо.

Зелен зеленчук

Ако сакате вкусен прилог, пригответе кељ, спанаќ или некој друг зелен зеленчук.

Риба

Секогаш е добро да се јаде риба, полна е со протеини, а ќе ви обезбеди доволна количина на железо. Туната и сардините се одличен извор на овој минерал.

Јајца

Кајгана, варени, на око… Без разлика во која форма се, јајцата го снабдуваат организмот со добра доза на железо.

Свежо овошје

Само една мала порција лубеница обезбедува 69 мг железо, 5 мали смокви содржат 1 мг, бананата 36 мг, а јаболкото 0,5 мг.

Нивото на железо во крвта може да биде поврзано со долг живот
loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време