Проверена модна комбинација: Во оваа облека ќе изгледате барем 5 килограми послабо!
Модерно и практично
Совршена модна комбинација за сите жени што сакаат да ги прикријат недостатоците на телото
Ако сте во потрага по стајлинг со кој ќе ги покриете вишокот килограми, а истовремено ќе изгледате модерно и елегантно, имаме совршено решение.
Оливија Кулпо ни даде одличен предлог за еден токму таков стајлинг.
https://www.instagram.com/p/CDkPxkDn2jQ/
Во случај да сакате да ги прикриете недостатоците, одберете панталони со висок струк. Тие одлично му стојат секому, а совршено ги маскираат широките колкови и масни наслаги на стомакот.
https://www.instagram.com/p/CDjej_nDhf6/
Доколку одберете класична бела маица и сако во истата боја како панталоните, фигурата ќе ви изгледа поскладна и повита. Со оваа комбинација одлично одат сандали на врзување. Тие на целиот стајлинг му даваат доза на опуштеност, а ќе изгледате како вистинска трендсетерка.
https://www.instagram.com/p/CDjJ0nUIT3z/
Кафеавата чанта и златните детали ќе го надополнат овој стајлинг на вистинскиот начин.
Нема да погрешите ни со окер боја. Оваа нијанса одлично оди со секој тон на кожата, добро ќе ви стои и без разлика дали сте бринета, русокоса или црнка.